Natasa Prodanoska Risteska

На неодамна одржаниот регионален натпревар за кодирање во април, децата од училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп го освоија второто место. Прочитајте го интервјуто со нивната наставничка Наташа Проданоска Ристеска.

  • Зошто сметате дека дигиталните вештини се важни за иднината?

Денеска животот не може да се замисли без информационите и комуникациските технологии.Се смета дека информатичките технологии се клучни за развојот на 21 век. Како резултат на тоа и огромен број на работни места денеска се засноваат на овие технологии. И затоа ако сакаме учениците да ги подготвиме за нивната иднина треба кај нив да ги развиваме дигиталната писмености креативност.

  • Како го користите микробит уредот во наставата и кои се неговите предности?

Уредот може да се користи во било кое наставно подрачје од наставата. Кај помалите деца наставникот  го користи во изработка на материјали за совладување на наставниот материјал: експерименти, квизови, таблица за множење, игри... Потоа се користи како алатка со којашто се совладуваат основите на програмирањето, а во последните години од основното образование да се користи како алатка која што ќе најди примена во многу проекти, каде учениците ќе го спојат знаењето, креативноста и применливоста на истото.  

  • Дали е можно користењето на микробит уредот во различни нивоа на образование?

Да, почнувајќи уште од најмалите одделенија во основното образование може да се користи микробитот како алатка со којашто ќе им се олесни на учениците усвојувањето и совладувањето на различни знаења. Потоа како алатка за почетно учење на кодирањето а потоа за примена на микробитот во различни проекти.

Blaze Koneski, Prilep
    • Дали микробит уредот може да се користи како средство за стекнување вештини за логичко размислување, подобрување на учењето и решавањето проблеми во различни дисциплини?

Работата со микробитот покрај совладувања на некои основни знаења, како кодирањето, бара и креативност, барање на нови врски и односи и поврзување на познатото веќе наученото се нешто ново. Исто така со микробитот се решаваат конкретни задачи, проблеми и ситуации во сите предмети коишто учениците ги изучуваат во основното образование. Исто така им овозможува поврзување на знаења од различни области и применување на истото за конкретни цели.

  • Дали може да потврдите дека користењето на микробит ги мотивира младите да бидат покреативни и позаинтересирани за учењето?

Со користењето на микробитот учениците не чекаат од наставниците да им кажат што да сработат,туку сами доаѓаат до идеи коишто подоцна ги претвораат во некој проект. Учениците сами планираат и превземаат иницијативи, поставуваат проблемии сами доаѓаат до одговорите  на истите.

  • Дали користењето на микробит уредите поттикнува заедничко учење и тимска работа?

Работата со микробит и креирањето на прокети со истиот, бара соработка, комуникација, размена на мислења и идеи и решавање на конфликти и постигнување на компромиси, надополнување на едни со други.

  • Дали искуството со користење на микробит уредите подобро ги подготвува учениците за вработување во иднина?

Им овозможува на учениците тоа што го учат да можат да видат каде може да се примени, што со нивното знаење може да создадат. Учениците се стекнуваат со знаења и вештини кои ќе одогвараат на потребите на реалниот свет во иднина.