На часовите по географија, физика и други часови по природни науки, учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ користеле „Микро:бит“ уреди за да создадат не само свои мерни алатки, туку и да спроведат многу напредни експерименти.

Кога Христијан Топалов, ученик од 6 одделение, истражувал која е најдобрата заштита од брановите на морето, тој се трудел да создаде прототип за да ги тестира идеите од неговото истражување.Тогаш во игра настапува „Микро:бит“ уредот! Нашиот џебен но моќен компјутер стана совршено решение за поврзување на сите други механички делови. Со помош на неговата наставничка по географија, Анета Чаковска, тој ја постигна својата цел и успеа да ја реализира својата голема идеја. Неговата наставничка Анета со задоволство ни кажа колку „Микро:бит“ уредот влијае врз решавањето на проблеми и вештините за критичко размислување кај нејзините ученици и како тоа им помогна да развијат интересни проекти.

Покрај географија, наставниците од други предмети беа желни да ги здружат силите со учениците со цел да им помогнат да ги претворат „Микро:бит“ уредите во алатки и мерни уреди. Наставничката по физика, Анета Топалова, беше инспирирана да ни каже колку микробит уредот донесе напредок во нејзината училница, бидејќи учениците почнаа да прават свои мерни алатки, како на пример уред што пресметува напон. Во ОУ „Крсте Мисирков“ „Микро:бит“ уредот беше искористен во различни предмети, од основни проекти па се до вистински машини за електротехника. Погледнете го видеото подолу и видете колку се иновативни овие проекти.

Споделете на социјални мрежи