Pavlinka Gorgieva

На неодамна одржаниот регионален натпревар за кодирање во април, децата од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ја освоија наградата за тимска работа. Прочитајте го интервјуто со нивната наставничка Павлинка Горгиева.

  • Зошто сметате дека дигиталните вештини се важни за иднината?

 Дигиталните вештини можат да обезбедат нови начини на работа. Технолошкиот напредок ќе продолжи да обезбедува нови начини на работа затоа подобрувањето на дигиталните вештини е еден начин како да им помогнеме на нашите ученици да одговорат на истите во иднина. Бизнисите кои ги прифаќаат тие промени ќе ги искористат придобивките од многу солиден, и соодветно образован кадар, кои ќе сакаат да соработуваат, да комуницираат или да создаваат и наоѓаат нови алатки што ќе им овозможат поефикасно да ги извршуваат обврските на своите работни места.

  • Како го користите микробит уредот во наставата и кои се неговите предности?

Преку амбициозна серија на нови програми, партнерства и проекти, ние како наставници ставивме акцент и внимание врз дигиталната креативност како никогаш досега и помагаме при градењето на дигиталните вештини на нашите ученици. Започнувањето на проектот кај дел од наставниците беше скептично прифатен, но подоцна микробит уредот успешно се вклопи во голем број наставни единици во различни предмети. Јас како наставник по математика и физика, често наоѓам прилика за употреба на овие паметни уреди со цел да го задржам потребното внимание кај секој ученик поединечно. 

  • Дали е можно користењето на микробит уредот во различни нивоа на образование?

Секој ученик со кого се запознаваме во текот на учебната година, е нова книга која вреди да се прочита. Микробит уредот може да се користи за полесно разбирање и меморирање на истата. Секој зад себе крие приказна од која ние наставниците бараме поука. Микробит е паметен уред кој може да се сведе на основен но и многу покомплициран алгоритам, на кој можат да размислуваат и работат ученици од различни нивоа на образование. Конкретно пример е час по природни науки со петто одделение, каде што учениците имаа за задача да насадат растение и ќе го следат неговиот раст во зависност од неколку променлив, температура, количина на вода поради што го програмираа микробит за мерење на температура.  Аналогно на ова учениците од осмо одделение правеа сензор за противпожарен аларм кој испушта звук и вода при појавување на чад и повисока температура. Децата можат, а и знаат како.

  • Дали микробит уредот може да се користи како средство за стекнување вештини за логичко размислување, подобрување на учењето и решавањето проблеми во различни дисциплини?

Слободно можам да кажам дека нашите деца, односно генерациите со кои работиме и оние кои допрва доаѓаат се генерации на паметни телефони. Често, многу често главна тама за разговор е некоја игри на која трошат голем дел од своето време, па колку е забавна или не истата. Кога самите тие направија една многу едноставна игра „Snake“, си го променија видното поле и мислењата за се со што доаѓаат во контакт понатака. Преку само една играа тие сфатија колку е битно логичкото размислување и решавањето на различни проблеми, значи може да се подобрат овие вештини.  

  • Дали може да потврдите дека користењето на микробит ги мотивира младите да бидат покреативни и позаинтересирани за учењето?

Како ученици на 21от век младите со користење на мобилните телефони животот им е многу поедноставен и информациите им се лесно достапни, па така тивко исчезнува нивниот пламен постојано да истражуваат и да учат нови работи. Со користење на микробит на младите им се овозможува поактивно и позаинтересирано да влезат во светото на дигиталните вештини низ кои подоцна самостојно и посамоуверено ќе чекорат. 

  • Дали користењето на микробит уредите поттикнува заедничко учење и тимска работа?

Дигиталната писменост секојдневно не искусува со нови предизвици, а нашите ученици уште повеќе. Кога зборуваме за кодирање, секој посериозен проект подразбира тимска работа, со што учениците учат уште една вештина за која подоцна ќе можат да пишуваат во своете CV. Исто така и заедничкиот труд при изнаоѓање на заеднички начин за надминување на тековниот проблем ги мотивира и им ја зајакнува самодовербата.

  • Дали искуството со користење на микробит уредите подобро ги подготвува учениците за вработување во иднина?

Програмата за образование на 21 век, дизајнирана и спроведена од Британскиот совет, ни даде можност да се соочиме со предизвиците од 21 век. Ние, како наставници во основно училиште, ја познаваме и ја разбираме важноста на интерактивната настава и како да ја имплементираме и на тој начин им овозможуваме на нашите ученици да развиваат нови вештини. Нашите ученици имаат нови вештини, оваа програма им овозможува критичко размислување, решавање на проблеми и вештини за кодирање, зајакнување на нивната тимска работа и креативни способности, обезбедувајќи ги со подобри шанси за идно вработување и перспектива.

Основното училиште "Св. Кирил и Методиј ", Скопје
Основното училиште "Св. Кирил и Методиј ", Скопје

Дополнителен одговор

Програмата „Училишта на 21 век“, дизајнирана и спроведена од Британскиот совет, ни дава можност да се соочиме со предизвиците од 21 век. Нашиот директор на училиштето знае, разбира и може да нѐ поддржи и да воведе нови и иновативни наставни методи, но и да нè мотивира како наставници да ги применуваат наведените методи. Ние, како наставници во основно училиште, ја познаваме и ја разбираме важноста на интерактивната настава и како да ја примениме, имаме повеќе слобода во наставните пристапи и во подобрувањето на соработката и меѓусебната комуникација со другите наставници во нашето училиште, но и на пошироко ниво во Западниот Балкан. Од обуката што ја имавме, дел од програмата „Училишта на 21 век“, научивме како можеме да ги подобриме и примениме иновативните и креативни пристапи во наставата и техниките за воведување вештини за критичко размислување и решавање на проблеми во училницата. Сега сме во состојба да создадеме планови за практични активности за да ги вградиме критичкото размислување, решавањето на проблемите и вештините на кодирање во наставната програма. Со тоа, ќе бидеме посигурни дека ги подготвуваме нашите ученици за живот и работа во 21-от век.

Учениците имаат нови вештини, оваа програма им овозможува критичко размислување, решавање на проблеми и вештини за кодирање, зајакнување на нивната тимска работа и креативни способности, обезбедувајќи ги со подобри шанси за идно вработување и перспектива.

Ние, како основно училиште, имаме можност за размена на искуства и позитивни практикисо наши колеги од оваа програма. Како дел од дигиталните платформи, директни настани, како што се национални и регионални натпревари за кодирање, среќни сме за нашиот успех во проектот.

Нашиот проект помина низ неколку фази на развој кои успешно ги поминавме. Првичната идеја беше усвоена од страна на децата, членовите на тимот, и позитивно оценета и пофалена. Тимот бараше проект кој би бил интерактивен, проект каде што повеќе ученици би можеле да работат и да можат да ги спојат повеќето елементи за да покажат што знаат и умеат. Пијаното има прототип, кој се состоеше од само 7 типки, кои подоцна се проширија на 29 типки. Секоја типка на пијаното емитува звук во моментот кога се затвора кругот кој е направен од жици и микробит уреди.

Успехот на самиот проект е веродостоен, бидејќи секој дел од тимот работеше напорно занеговиот успех. Секоја желба може да биде реалност кога некој ќе работи на тоа. Желбата на тимот е имплементација на проектот да биде  поголема и покреативна. Нашиот хоризонтално поставен проект треба да биде имплементиран вертикално. Тоа може да биде на скалите на трговски центар, типките да бидат инсталирани и програмирани, со што пешаците најмногу ќе бидат мотивирани да пробаат звучни скали, наместо да се движат по досадни ескалатори.