Веќе се запознавте со начинот на програмирање со програмскиот јазик Python, со правилата за пишување наредби и основните карактеристики на јазикот. Новина во поглед на претходната програма Python е примената на функциите за управување со уредот „Микро:бит“, кои се дефинирани во библиотеката која е предвидена за нив.

Функциите кои ни се потребни се дефинирани во библиотеката на уредот „Микро:бит“ и преку следните примери ќе научиме како да ги вчитуваме и применуваме во нашиот код, а потоа и како да го вчитаме кодот во уредот „Микро:бит“ и да ги провериме резултатите од нашите задачи.