Ова упатство е создадено како дел од програмата „Училишта на 21-от век“ која Британски совет ја спроведува во земјите од Западен Балкан, со цел да се поддржи секое основно училиште во овие земји да учествува во програмата и да основа Клуб/ови за кодирање. Британски совет во соработка со фондацијата „Распбери пај“ („Raspberry Pi Foundation“), со цел да се примени нивниот успешен модел за Клубови за кодирање во програмата „Училишта на 21-от век“, со поддршка на партнерите од образовната фондација „Mикро:бит“ („Micro:bit Educational Foundation“), специјално го создаде овој прирачник и одбра редослед на активности за да ви помогне да започнете.
Како дел од програмата, сите училишта во Западен Балкан ќе добијат одреден број „Микро:бит“ уреди, џебни компјутери, за учениците да можат да кодираат и да ги користат во наставните предмети за решавање секојдневни проблеми.
Програмата ќе им помогне и на наставниците да ги надградат нивните вештини и знаење, како и ефективно да реализираат настава со примена на критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Исто така, програмата ќе ги поддржи и директорите на училиштата да ги зголемат нивните капацитети за раководење, промовирање и воведување критичко размислување, решавање проблеми и кодирање во наставата на нивните училишта.