Conference on inclusive education image

Заедно со АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје, организиравме „Конференција за инклузивно образование“ во Стопанска комора на Македонија во Скопје на 24 април 2015 година.

На конференцијата беа поканети 100 претставници од средните стручни училишта од Скопје, претставници од државните институции и невладини организации кои работат во областа на инклузивното образование.

Британските консултанти Фил Декстер и Дејвид Крабтри посебно внимание посветија на подигнување на свеста за инклузивното образование, споделија конкретни примери од работењето на британските училишта, и како инклузивните училишта ги сплотуваат учениците кои имаат различни образовни потреби. Посебен акцент беше ставен и на работа со средношколци кои имаат синдром на недостаток на внимание и хиперактивност, како и на оние средношколци кои имаат проблеми со дислексија.

Триесетина претставници од неколку скопски средни стручни училишта  добија и дополнителна обука на 25 април 2015 година. Посебен фокус беше ставен на идентификација на посебните потреби кај учениците,подготовка на индивидуални образовни планови и начинна оценување на учениците со посебни потреби.

Погледнете ги фотографиите и преземете ги материјалите од конференцијата и обуката.