Настанот „Претседателот и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето“ се одржа на 3 декември 2020 година. За време на настанот, учениците кои беа опфатени во програмата „Училишта на 21-от век“ имаа можност да ги претстават нивните проекти и идеи. Оваа панел-дискусија со Претседателот на Северна Македонија беше организирана како дел од самитот „Македонија 2025“ кој се одржа во дигитална форма.

Годишниот онлајн самит „Македонија 2025“ е престижен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување организации и инспирација за промени во Југоисточна Европа. Настанот се емитуваше во живо на националната телевизија и на интернет.

Трите победнички тимови од Предизвиците за кодирање му ги претставија изготвените проекти на Претседателот на Република Северна Македонија. Овие тимови доаѓаат од следните основни училишта: „Наум Наумовски – Борче“, „Ристе Ристески“ и „Св. Кирил и Методиј“.

За време на панел-дискусијата, учениците имаа можност да ги покажат нивните вештини и самодоверба за презентирање и да направат чекор напред кон остварувањето на нивните идеи. Нашата програма создава врски со идните генерации и можности за материјализирање на идеите преку Предизвиците за кодирање.