CC 2021, photo

Пред да започнете со процесот на пријавување, пополнете ја анкетата која е достапна овде, најдоцна до 29 март, преку која ќе се изјасните дали и зошто сте заинтересирани за учество на предизвикот. Потоа, ќе ви биде испратен линк кој води до персонализирана папка во која ќе може да ги прикачите вашата пријава и сите потребни документи.

По три и пол години спроведување на програмата „Училишта на 21 век“ и завршување на пет циклуси на обуки за училишни директори и наставници во сите основни училишта во Македонија, ги каниме учениците од сите основни училишта, придружувани од наставник-ментор, да се пријават за Државниот предизвик за кодирање со уредот микро:бит.

Пријавувањето за Предизвикот за кодирање ќе започне на 30 март, а ќе заврши на 22 април 2022 година.

Предизвикот има за цел да ги опфати учениците ширум државата и да ги инспирира младите да решаваат проблеми од секојдневниот живот во нивните училишта и нивната заедница преку програмирање на уредите микро:бит. Со помош на овој уред децата ќе изготват проект кој ќе соодветствува со Целите за одржлив развој и ќе трагаат по решенија за проблемите од нивното секојдневие.

Награди

Ќе бидат избрани до 20 најдобри проекти за финалниот натпревар што ќе се одржи во Скопје на 6 мај 2022 година. Секој од избрани финалисти ќе биде награден со пакет од 10 микро:бит уреди верзија 2, сега со вграден звучник, микрофон и сензор за допир за уште повозбудливи решенија во нивните проекти, комплет за микро:бит додатоци, кој содржи пијано за микро:бит, LED прстен за микро:бит, комплет за иновации, паметен комплет за стаклена градина, графика128 OLED дисплеј за микро:бит и контролер за игра за микро:бит.

Покрај тоа, ќе има и специјални награди за првите три победнички тимови, како и за најмладиот тим, најдобар еколошки проект и тимот кој го изработил најкомплексниот код:

  1. награда: лаптоп за наставник, плус 2 Ipad Air за 2 ученици, комплет додатни додатоци
  2. награда: лаптоп за наставник, плус 2 Андроид таблети за 2 ученици, комплет додатни додатоци
  3. награда: лаптоп за наставник, плус 2 Андроид таблети за 2 ученици

Најмладиот тим - два паметни часовници за 2 ученици
Најдобар еколошки проект-два паметни часовници за 2 ученици
Најкомплексниот код-два паметни часовници за 2 ученици

Предизвикот за кодирање ќе биде организиран во соработка со Министерството за образование и наука и финансиран од Владата на Обединетото Кралство.

За да се пријавите, следете ги насоките кои се дадени на крајот од оваа страница и информирајте се за фазите на Предизвикот за кодирање. 

За информации на албански јазик, кликнете тука - Nëse dëshironi të plotësoni aplikimin në gjuhën shqipe ju lutemi klikoni këtu.

Квалификации

Предизвикот за кодирање 2022 е отворен за сите ученици од 6 до 9 одделение, од училиштата кои го исполнуваат следниот критериум:

  • Училиштата кои што учествувале во циклусите од нашата обука за критичко размислување и решавање проблеми и добиле уреди „Микро:бит“ во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“.

Пријавувањето за предизвикот за кодирање ќе започне на 30 мартаи ќе заврши на 22 април 2022 година, а оценката ќе се спроведе во три (3) фази:

Пред да започнете со процесот на пријавување, пополнете ја анкетата која е достапна овде, најдоцна до 29 март, преку која ќе се изјасните дали и зошто сте заинтересирани за учество на предизвикот. Потоа, ќе ви биде испратен линк кој води до персонализирана папка во која ќе може да ги прикачите вашата пријава и сите потребни документи.

Фаза 1

За време на првата фаза од предизвикот ќе се оценуваат сите пријави, врз основа на критериумите за квалификација. За да се квалификуваат за оценување на проектот, пријавите/проектите треба да ги поднесат тимови составени само од 2 членови. Ве охрабруваме во секој тим да има барем по едно девојче. Приоритет ќе биде даден на ученици кои учествувале на градски, општински, регионални или државни натпревари по предмети од природните науки. Понатаму, пријавените ученици треба да поднесат:

  • Податоци за контакт – како што е наведено во формуларот за пријавување;
  • Потпишанo известување за приватноста во натпреварувањето и Формулар за согласност: Прилог 1;
  • Формулар за пријавување: Прилог 2 – краток опис на проектот, кој проблем го адресира проектот, како и како тој ќе им помогне на учениците, нивните училишта и заедницата. Како е проектот поврзан со Целите за одржлив развој; Описот на проектот треба да биде доставен во Word документ. Доставените документи кои се рачно пишувани ќе се оценат со минимални бодови.
  • Прикачување датотека .hex: Пријавените ученици треба да гo испратат и нивниот код;  Кодот треба да биде доставен во формат во кој што можат да се проверат и тестираат неговите функционалности.
  • Видео од проектот кое опфаќа како функционира проектот и презентација за проектот (5 мин.).

Целата потребна документација треба да се прикачи во една папка.

Ве молиме, пополнете ги документите во дигитален формат. Непотполните пријави ќе бидат отстранети во оваа фаза. Повеќе информации околу тоа како да изберете проект и да направите видео се достапни во документот Анекс 5 „Насоки за училиштата“.

Фаза 2

Пријавите кои ќе се квалификуваат ќе се оценуваат согласно следните критериуми:

  1. Цел и општо влијание на проектот;
  2. Оригиналност и креативност при решавање проблеми;
  3. Функционален дизајн на проектот;
  4. Техничка комплексност на кодот.

Експертите по ИКТ од жирито ќе изберат до 20 најдобри пријави/проекти кои продолжуваат во третата фаза на Предизвикот кој ќе се одржи во Скопје.

Листата на избрани проекти за учество на Предизвикот за кодирање ќе биде објавена на нашата веб-страница на https://www.britishcouncil.mk/, а на учесниците ќе им биде испратено известување на адресата на е-пошта која ја навеле во пријавата.

Фаза 3

Тимовите чии проекти беа избрани ќе учествуваат во завршната фаза од Предизвикот за кодирање кој ќе се одржи во Скопjе.   

  • За време на онлајн настанот, секој тим ќе добие 10 минути да го претстави проектот и да одговори на поставените прашања од жирито. 
  • Проектот ќе се претстави преку видео кое ќе трае не подолго од 5 минути. Видеата треба да се снимат пред настанот, а може да се употребат и видеата доставени во првата фаза. Упатството како најдобро да снимите видео е опфатено во документот Анекс 5 „Насоки за училиштата“.
  • Жирито ќе добие по 5 минути за прашања за секој од проектите и ќе ги оценува проектите врз основа на: општата запознаеност со содржината на проектот, техничката комплексност на кодот и вештините за презентација.

ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌА НА СИТЕ!

Споделете на социјални мрежи