Rachel Galloway visit

На 2 октомври 2019 година, британската амбасадорка Рејчел Галовеј го посети основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, кое е дел од нашата програма „Училишта на 21 век“. 

Таа со задоволство зборуваше со наставниците за нивното искуство од соработката со Британскиот совет и како тие ги применуваат критичкото размислување, решавањето проблеми и кодирањето во наставата. Учениците пред амбасадорката го претставија клубот за кодирање и нивните училишни проекти.

За време на посетата, британската амбасадорка рече: „ Возбудена сум што имам можност да видам како се спроведува програмата „Училишта за 21 век“ во Битола, која е финансирана од Британската влада. Оваа програма им овозможува на учениците да учат за критичкото размислување и решавањето проблеми и ги подготвува за нивната иднина“.

Споделете на социјални мрежи