Основното училиште "Блаже Конески", Прилеп
Students and teacher from Blaze Koneski school, Prilep.

Регионалниот натпревар се одржа на 4 април, 2019 година за време на Дигиталниот самит во Белград, Србија. Се натпреваруваа 13 тимови од сите земји од Западен Балкан. 

Училиштето „Алекса Шантиќ“ од Угљевик, Босна и Херцеговина, го освои првото место со својот проект „Паметна куќа“ и беше наградено со патување во Лондон, Велика Британија. Имаше и награди за второ и трето место, најдобра тимска работа, најдобра презентација, како и пофалница од жирито.

Двете македонски екипи одлично се претставија, при што училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп го освои го второто место, додека „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје доби награда за тимска работа.

Основното училиште "Св. Кирил и Методиј ", Скопје
Основното училиште "Св. Кирил и Методиј ", Скопје