Stephan John Daniela Skopje image
Stephan John Daniela Skopje image ©

Toni Dimkov

Консултантот Стефан Џон со Даниела Бавчанџи од Британски совет

Фотографија © Тони Димков

 

Во јули 2014 година, Стефан Џон, консултант од Обединетото Кралство, одржа обуки за спроведување на Законот за Национална рамка на квалификации во Македонија. Обуката беше наменета за претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за стручно образование и обука, Биро за развој на образование, Центарот за образование на возрасни, Агенцијата за вработување и други чинители вклучени во овој процес.

Република Македонија веќе работи на добивање на своја рамка на квалификации. Стефан Џон помогна во градењето на локалните капацитети кои ќе овозможат функционирање на целиот систем на Националната рамка на квалификации во Република Македонија.

Прочитајте интервју со Стефан за националната рамка за квалификации и неговата работа со нас во Македонија.

Презентациите на Стефан Џон може да ги превземете на оваа страница.

Споделете на социјални мрежи